17:51 - 1 април, 2026

ВРЕМЕТО ОВАА НЕДЕЛА: Сè потопло, со многу повеќе сонце, температури и до 20 степени

– По краткотрајното затоплување на времето, овој викенд следува повторно значително постудено време од просекот за овој период од годината. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, на некои места и подолги. Ќе има услови и за локално провејување на снег, а ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат доста ниски за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски следната седмица ќе имаме значително постабилно, а од средината на седмицата и сè потопло време. Ќе има и многу повеќе сонце, додека нешто повеќе облачност локално ќе има само во вторник и тоа особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда, кога ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд и снег. Минималните температури сè уште на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно некаде ќе се спуштаат и под -5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени. Веќе од средината на неделата се очекува поголемо затоплување и значителен пораст на максималните дневни температури и следниот викенд понекаде ќе се искачуваат до околу 20 степени. Ваквата состојба укажува на тоа дека во текот на следната недела пролетта полека, но сигурно ќе почне да се буди.

 

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....