12:21 - 30 јануари, 2026

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) БРЕМЕНА ЖЕНА СЕ ОБИДЕЛА ДА СКОКНЕ ОД ПРОЗОР: Барала „спас“ од насилниот маж

Застрашувачки сцени од Рио де Жанеиро го обиколија светот кога несреќната Марија Хозе (35), која е во десеттата недела од бременоста, била подготвена да се фрли низ прозорецот на стан на вториот кат од зграда во предградието Дуке де Кахијас за да се спаси.

Монструмот, сепак, ја фатил во моментот кога ја жената ја извадила едната нога низ прозорецот со цел да скокне, по што како што може да се забележи на видеото мажот ја фаќа за глава, силно повлекувајќи ја назад во станот.


Несреќната жена врескала и барала помош, викајќи гласно, додека насилникот ја давел и ја удирал трудницата. Страшната сцена е снимена од соседите од соседната зграда, кои веднаш повикале полиција.

Батиста веднаш бил уапсен, а на Марија и била укажана лекарска помош.

Според бразилските медиуми, Батиста збеснал откако минатиот понеделник дознал дека неговата сопруга, која очигледно била заклучена во станот, со денови фрлала листови хартија низ прозорецот со порака дека и треба помош.

Во разговор со полицијата по ужаната лекарска помош Марија открила како континуирано ја тепал за време на двегодишната врска, а притоа постојано и се заканувал дека ќе ја убие заедно со нејзиниот четиригодишен син кој го добила од претходна врска.

Инаку, Марија веќе еднаш избегала од нејзниот парнер – монструм, кога во мај успеала да скокне од прозорецот без да се повреди, пренесува Daily Mail.

Љубоморен е и посесивен. Не ми дозволуваше да излезегувам од дома, можев само да одам на работа. Потоа го изгубив работното место затоа што и често ми го забрануваше да одам на работа поради неговата посесивност. Меѓутоа, имаше моменти кога ветуваше дека ќе се смени и јас верував во тоа, низ солзи раскажала несреќната жена посочувајќи дека, за жал, агресијата на нејзиниот сопруг само се засилувала со текот на времето.

Шефот на полицијата Фернанда Фернандез нагласи дека Хозе најверојатно нема да ја преживее тортурата доколку нејзините соседи не го виделе и снимиле насилството.

Тоа беше едноставна расправија на нормален пар, била изјавата на Батиста додека се бранел во полиција, а во меѓувреме несреќната Марија давала изјава како континуирано ја тепал за време на двегодишната врска, и како и се заканувал дека ќе ја убие и неа и нејзиниот четиригодишен син од претходна врска.

 

Слични објави

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.
Се вчитува....