07:26 - 12 март, 2026

Вонредно од Попоски: Внимание на НЕВРЕМЕ, локални поплави и силен ветер над 80 км/час

– Под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА активност од запад и на серија на влажни воздушни бранови, во текот на цела оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно повремено со врнежи од дожд.
Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 65 л/м2), со што е можна појава на локални ПОПЛАВУВАЊА. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час).
На повисоките планините ќе има врнежи од снег и ќе се формира ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка. Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.
Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.
Поради силниот ветер кој се очекува препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Големо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) барем одсега гледано се очекува за време на викендот. На планините тогаш снежната покривка ќе надминува 50 цм, а снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....