05:05 - 10 ноември, 2026

ВО ЧЕСТ НА 8 МАРТ: 15 најубави цитати за жените

Мислители, научници, уметници, филозофи сите би се согласиле дека жените биле и ќе бидат неисцрпен извор на инспирација и затоа одлучивме да издвоиме некои од најубавите изреки кои ја опишуваат енигматичната,  но неодолива природа на жената.

„Доколку Ви треба некој за совет, прашајте маж, но доколку ви треба некој за нешто да се обави, тогаш дефинитивно побарајте жена“ – Маргарет Тачер.

„Јас сметам дека мојот ден е изгубен, ако барем една жена не ми се насмее тој ден”. –  Казанова

„Само благородните мажи се дарежливи и внимателни кон жената, а само оние кои имаат лош карактер ги понижуваат и малтретираат жените”. –  Мухамед

„ Жените не се создадени за да бидат разбрани, туку да бидат сакани“. – Дороти Паркер

„Големото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не успеав да одговорам, и покрај моето триесетгодишно истражување на женската душа, гласи: Што сака жената?“ – Сигмунф Фројд

„Жената е единствената работа од која се плашам, а за која знам дека нема да ме повреди”. – Абрахам Линколн

„Ако мажот зборува лошо за сите жени, веројатно се изгорел на една, таа која најмногу ја сакал” – Коко Шанел

„Жената во која сме заљубени престанува да биде обично човечко суштество за нас, но станува бел ангел или црн ѓавол”. –  Јован Дучиќ

„Жените не го признаваат минатото, а уште помалку жалат за него, тие грабнуваат се што може да се грабне во моментот”. – Јован Дучиќ

„Секоја жена е убава, освен таа која мисли дека не е и тие кои мислат дека се”. – Јован Дичиќ

„Жената добро знае дека е слаба само кога сака”. – Јован Дучиќ

„Жената е како вреќичка чај – никогаш не знаеш колку е силна, се додека не заврши во врела вода“ – Еленор Рузвелт.

„Заљубената жена не може да биде разумна. Ако е разумна, веројатно не е заљубена”. – Мае Вест

„Мажот не може да изневерува жената онолку колку што жената може да се преправа дека му е верна”. – Казанова

„ За да биде незаменлива, жената мора секогаш да биде малку поинаква”. – Коко Шанел

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....