10.8 C
Скопје
18:29 - 11 март, 2026

Влатко Стефановски го заврши првиот самостоен проект, Бајага го објави албумот „Са друге стране јастука“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден музичката индустрија ја одбележаа неколку интересни настани во минатото, помеѓу кои е и почнувањето на првиот самостоен проект на легендарниот македонски гитарист, Влатко Стефановски, кој токму на 13 март во 1994 година заврши со работата на албумот „Cowboys & Indians“. 

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на 13 март:

1950 година Роден Ивица Пропадало, познат како басист на бендот „Тешка индустрија“, односно сценограф и дизајнер во областа на музичката индустрија.

1960 година – Роден Адам Клејтон, басист на групата „U2“.

1965 година – Ерик Клептон ги напушти „Yardbirds“, незадоволен од правецот во кој тргнува групата, а во април тој го прифаќа повикот и станува дел од групата „John Mayall & the Bluesbreakers“, со која ќе остане до јули 1966 година, за потоа да го формира составот „Cream“, една од првите супер групи во светот, во која со него беа уште и Џек Брус и Гингер Бејкер.

1985 година – Излезе вториот албум на „Бајага и инструктори“ – „Са друге страна јастука“. Хитови од овој албум станаа баладите „Добро јутро, џезери“ и „Зажмури“, насловната нумера „Са друге стране јастука“, „ 220 у волтима“, „Двадесетти век“, како и познатата обработка на песната на американската пејачка Мелани – „Види шта сам ти урадио од песне мама“.

1988 година – Групата „Laibach“ го објави албумот „Sympathy for the devil“, на кој словенските рокери ја реконструираа истоимената славна песна на „Rolling Stones“ од албумот „Beggars Banquet“ од 1968 година, и тоа во седум различни верзии, а додадоа и една своја авторска песна под наслов „Anastasia“.

1994 година – Влатко Стефановски заврши со работа на албумот „Cowboys & Indians“, својот прв самостоен проект надвор од матичната група „Леб и сол“, која во тоа време се уште беше активна. Од ова издание посебно внимание заслужуваат инструменталните теми „Cowboys & Indians“, „Summer 90“ и „Сараево“.

1995 година – Англиската рок група „Radiohead“ го издаде својот втор албум „The bends“, издание кое магазинот „Ролинг Стоун“ го стави на листата од 500 најдобри на сите времиња. Хитови од овој албум се нумерите „My iron lung“, „High and dry“, „Fake plastic trees“, „Just“ и „Street spirit (fade out)“.

2006 година – Членовите на групата „Sex pistols“ одбија да присуствуваат на церемонијата на приемот во американската куќа на славни на рокенрол музиката во Њујорк. Популарните Пистолси одбија да присуствуваат на таа свеченост, а на организаторите им испратија писмо во кое пишуваше: „Ние не сме ваши мајмуни и нема да дојдеме“.

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....