5.8 C
Скопје
00:34 - 1 април, 2026

ВИЛИЈАМ И КЕЈТ МИДЛТОН го посетија украинскиот културен центар во Лондон: „Се чувствуваме толку бескорисни“

кралско семејство

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон продолжуваат да ја покажуваат својата целосна поддршка за Украина, која е нападната од Русија.

Откако го прекршија кралскиот протокол со твит во кој за прв пат јавно зборуваат за политика, недвосмислено искажаа дека се против агресијата на Путин.

„Ние сме со украинскиот народ“ – рекоа Вилијам и Кејт при посетата на Украинскиот културен центар во Лондон.

Принцот и неговата сопруга – и двајцата облечени во џемпери од кашмир во сина нијанса, многу слична на онаа на украинското знаме – не пристигнаа со празни раце: на волонтерите кои подготвуваа кутии со основните потреби што ги донираат Британците за да им помогнат на Украинците, тие им донесоа здрави домашно подготвени колачиња и чоколадни брауни.

За време на посетата на Украинскиот културен центар во Лондон, Вилијам и Кејт уште еднаш ја искажаа британската поддршка за украинскиот народ, додавајќи дека се шокирани од војната што избувна на европско тло. Но и дека би сакале да направат нешто повеќе.

„Се чувствуваме толку бескорисни“, призна Вилијам.

Сепак, војводите од Кембриџ навистина направија се што можат. Тие понудија помош од Кралската хуманитарна фондација за децата кои страдаат од трауми и кои се соочуваат со ментални здравствени проблеми поради конфликтот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....