07:21 - 8 ноември, 2026

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, отиде чекор подалеку откако ги забрани настапите на српскиот рапер Драгомир Депсиќ Десингерица.

Тој предложи нови, многу построги мерки и високи казни за секој што ќе се обиде да ја заобиколи одлуката и да организира вакви настапи на територијата на Бања Лука.

Драшко Станивуковиќ објави видео на својот Инстаграм со клипови од настапите на Десингерица, кои ги нарече вулгарни, скандалозни и несоодветни за млади луѓе. Тој додаде дека секој што ќе ја прекрши забраната ќе се соочи со сериозни последици, а секој што ќе го покани Десингерица да настапи во тој град ќе биде казнет со износ од 25.000 до 50.000 евра.

 


– Затоа вакви кај нас во Бања Лука не можат да настапуваат. Затоа, како превентивна мерка, во случај некој да се обиде да злоупотреби јавна манифестација и настани на територијата на градот Бања Лука со ваков вид однесување – вулгарно, примитивно и насилно кон нашите деца и млади луѓе, во новата одлука што ја предлагаме, ќе ги казниме со казна од 50 до 100.000 конвертибилни марки. И организаторот и изведувачот без исклучок. Нема место за вакви изведувачи во нашата Бања Лука – рекол градоначалникот и додал:

– Кога покрај ова ќе ги забраниме и реалити програмите во Република Српска, ќе ги отстраниме обложувалниците во близина на училиштата и ќе ги ограничиме социјалните мрежи за да можат нашите деца да ги користат мрежите на 15-годишна возраст, Десингерица и луѓе како овој повеќе нема да постојат. Ние ќе се бориме и ќе истраеме.

Неговата објава веднаш ја поддржа српската пејачка Зорица Брунцлик, која во коментарот напиша: „Браво“, а Драшко веднаш ѝ се заблагодари.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....