07:43 - 16 септември, 2026

(ВИДЕО) Во хит-серијата на Нетфликс, „Бриџертон“, се користат бизарни реквизити за жешките сцени да изгледаат пореално

Пред неполн месец на Нетфликс стартуваше втората сезона на популарната серија „Бриџертон“, а веднаш по прикажувањето таа го достигна врвот на популарноста во светот.

Првата сезона е прогласена за најжешка серија на Нетфликс поради експлицитните сцени и фаталната привлечност помеѓу Дафне Бриџертон и Војводата од Хестингс, а и во втората не изостануваат жешките сцени.

Втората сезона ја следи љубовната приказна помеѓу најстариот брат Бриџертон, Ентони (Џонатан Бејли) и Кејт Шарма (Симон Ешли). Бејли неодамна за Радио Тајмс зборуваше за токсичната машкост на неговиот лик, смеата на сетот и клучниот реквизит што актерите го користат за да ги прикажат секс сцените што е можно пореално.

За да им олеснат на актерите, продуцентите ангажирале специјализирана координаторка, Елизабет Талбот, која режира жешки интимни сцени и користи различни методи за да им го олесни снимањето на актерите. Бејли откри дека на актерите им помага специјален реквизит, полунапумпана топка за нетбол, игра слична на кошарка.

Постојат нови трикови како мали перници и неверојатно е што можете да направите со полунадувана топка за нетбол. Ако двајца глумат секс сцена, правилото е дека треба да имаат три бариери што ги раздвојуваат. Полунадуваната топка за нетбол овозможува движење без физичко поврзување. Тоа е прилично смешно и имаме некои урнебесни моменти, што ги прави тие сцени помалку непријатни“, откри актерот, а сподели мислење и за неговиот лик.

„Интересно е да се застане зад ликовите на Хитклиф и Дарси и да се истражи зошто романтичните машки фигури се толку груби и токсични кон жените“, рече Бејли.

Инаку, претходно беше објавено дека Бриџертон ќе има и трета и четврта сезона. Првата сезона беше гледана во 82 милиони домаќинства ширум светот, а актерите што ги отелотворија ликовите станаа планетарно популарни речиси преку ноќ. Но, многумина беа разочарани што актерот Реџи-Жан Пејџ, кој го играше војводата од Хестингс, не се појавува во втората сезона.

 

Слични објави

Дара Бубамара без влакна на јазикот за Џејла: „Секогаш таа некако излегува сирота“

Еспресо

Ме испрати на пат на пеење и вечно се успокои: Ивона Јо со срцепарателна приказна за татко ѝ

Еспресо

Цеца откри како изгледа животот во домот на Анастасија по раѓањето на синот: „Тој сега е центарот на светот“

Еспресо

(Фото) Неда Украден во костим за капење собра комплименти, но и една забелешка

Еспресо

(Фото) Весела и разиграна: Каролина уникатно облечена скокаше на сцената во Гевгелија

Еспресо

Се сеќавате ли на девојчето Леонтина и нејзината измислена песничка за првиот училиштен ден? 10 години подоцна, направи нова верзија

Е.А.
Се вчитува....