31.8 C
Скопје
10:54 - 28 август, 2026

(ВИДЕО) Сте слушнале ли за „шумата на чудните“? Научниците се запрепастиле пред глетката што ја затекнале

При истражувањето на подводниот вулкан лоциран на длабочина од повеќе од 2 километри во Тихиот Океан во 2017 година, научниците биле воодушевени од глетката што ја затекнале.

Наместо дрвја, оваа подводна шума била составена од корали со необичен облик. Меѓу највпечатливите биле – Rhodaniridogorgia, кој изгледа како четка за шишиња, како и сплесканите и коралите во облик на харфа, на чии гранки имало намотани долги и розови сродници на морски ѕвезди. Околу нив имало стаклести сунѓери.

Кога забележале сунѓер со високо стебло на чиј врв се наоѓал завршеток во облик на диња со две дупки кои ги потсетувале на замаглени очи, го нарекле „ИТ Сунѓер“ – според истоимениот филмски лик на Стивен Спилберг. Три години подоцна, најинтригантното откритие од „шумата на чудните“ го доби научното име Advhena magnifica или величенствен вонземјанин.

Сунѓерите можеби изгледаат како растенија, но тие се всушност животни. Тие немаат лице, мозок, срце, мускули или кој било друг орган. Повеќето од нив го поминуваат својот живот прикачени на морското дно, собирајќи мали лебдечки честички од храна со нивните сунѓерести тела. Advhena magnifica претходно беше забележана само уште еднаш една година претходно во близина на Маријанскиот ров, кога беше земен примерок и однесен на испитување кај д-р Кристијана Бранко. Штом го видела, докторката знаела дека гледа во нешто сосема поинакво.

Неговото тело е изградено од ситни структури наречени спикули, кои се направени од силициум диоксид. Испитувајќи ги овие сложени структури под микроскоп, Бранко забележала дека тие се разликуваат од оние што ги видела во другите сунѓери. Затоа, таа заклучила дека не се работи само за нов вид, туку и за сосема нов род на длабокоморски сунѓери што никој претходно не ги опишал.

Меѓутоа, кога го погледнала видеото од „шумата на чудните“, забележала дека сите сунѓери се ориентирани во иста насока за собирање на хранливи материи. Ова ја навело да помисли дека под микроскоп новооткриениот вонземски сунѓер изгледа поинаку – има поинаква структура во споредба со другите сунѓери – затоа што се приспособил на суровите услови за полесно да стигне до храна на места каде што е реткост.

Слични објави

Светот дозна која е Сири – ова е жената со најпопуларен глас

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ реши да го освежи својот изглед: „Мала промена е секогаш добра“

Еспресо

Хороскоп за 28 август: Лавовите ќе зрачат со самодоверба, Стрелците ќе копнеат по авантура

Еспресо

(Фото) Знае како да се разлади на горештините – Ѓани ужива во базенот со сопругата Слаѓа

Еспресо

(Видео) Ја оправда титулата „вечен заводник“ – Здравко Чолиќ ѝ запеа на уво на обожавателка

Еспресо

Ана Бекута со првиот сопруг помина повеќе од деценија, а еве што беше по професија

Е.А.
Се вчитува....