14:02 - 1 април, 2026

(Видео) На Зеленски му фали уште „Макфест“, овојпат со порака на Гластонбери: „Русија ни го украде мирот“

Откако „прошета“ по речиси сите фестивали низ светот, украинскиот претседател Володимир Зеленски сега се појави со видео порака на фестивалот Гластонбери за да ги повика присутните да ја „шират вистината“ за конфликтот со Русија. 

Зеленски го упати својот апел на англиски јазик преку видео порака до десетици илјади учесници на музичкиот фестивал што се одржува во југозападна Англија: „Русија ни го украде мирот. И ние во Украина би сакале да го живееме животот како некогаш и да уживаме во слободата и ова прекрасно лето. Но, не можеме да го направиме тоа бидејќи се случи најстрашното нешто. Направете притисок врз сите политичари што ги познавате да помогнат во враќањето на мирот во Украина. Времето е бесценето и секој ден се мери со човечки животи“.

„Ширете ја вистината за руската војна. Помогнете им на Украинците кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради непријателствата. Побарајте ја нашата добротворна платформа @ united24.gov.ua. И вршете притисок врз сите политичари што ги знаете да и помогнат на Украина да го врати мирот“, вели Зеленски.

 

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....