12:14 - 28 ноември, 2026

(Видео) Луна Ѓогани ги засени сите на модната писта: Сакав да бидам манекенка, но животот ме однесе на друго место

Синоќа во Белград се одржа модна ревија која ја затвори Луна Ѓогани. Таа прошета на пистата во креација на еден познат српски дизајнер и сите погледи беа вперени во неа. Таа носеше фустан кој ја истакнуваше нејзината фигура додека деколтето и долгите нозе беа во преден план.

Но, не одело сѐ по планот, па Луна последните подготовки ги направила во кујната, каде дошле нејзините пријателки задолжени за фризура и шминка.

 

– Ова е вонредна ситуација, моето омилено место, луда организација, но добро знам дека кога се во прашање ревиите и кога се во прашање настаните, сѐ е така, успорено и сѐ е целосно лудо. Важно е да се чувствувам добро, среќна сум, не сум го правел ова долго време. Ова е убаво за мојата душа бидејќи како дете се занимавав со манекенство и сакав да бидам модел, но животот ме однесе на друго место, а ова остана мојата љубов – изјавила Луна за српски „Блиц“.

Луна се присетила на денот кога за прв пат прошетала по пистата.

– На шеснаесет години ме избраа во првите шеснаесет девојки. Мене одлично ми одеше, но овде се премногу ригорозни за денес да бидеш модел, а јас бев дете и желна за сѐ, па сѐ брзо ми помина – вели Луна.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....