06:00 - 8 ноември, 2026

(Видео) Кија Коцкар го слави роденденот во Турција: Никој не верува полни толку години, а честитки пристигнуваат од сите страни

Поранешната победничка на „Задруга“ и ТВ-водителка Кија Коцкар, поранешна сопруга на пејачот Слоба Радановиќ, се наоѓа во Турција, каде што го прослави 37-от роденден.

Кија излегла на забава во Аланија, каде што со години патува и престојува, но поседува и недвижност, па затоа не е ни чудо што ова е нејзиното омилено место за одмор.

Таа прославила со своите пријатели во еден ресторан, каде што биле на вечера, но и наздравиле во текот на ноќта.

Она што привлекло внимание бил стајлингот на Кија, лежерен и опуштен свилен фустан.

 


На полноќ сите ѝ честитале  37-от роденден, а таа цело време се снимала за Инстаграм и покажувала како се забавува.

Судејќи според сè, на Кија ѝ се допаѓа престојот во Турција, па одморот го продолжила на уште еден месец.

Таа неодамна се фотографирала во провокативно издание покрај базен и напишала:

– Утро дома – навела таа во описот на објавата.

Да потсетиме, таа неодамна зборувала за желбата да започне живот надвор од Србија.

– Јас сум скромна девојка и не трошам на глупости. За неколку години сакам да се преселам во странство, како што сакав цел живот – рекла Кија.

Патем, токму на овој ден, Слоба објави нови песни, а дали тоа било случајност или го направил тоа намерно, многумина шпекулираат на социјалните мрежи.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....