-0.2 C
Скопје
01:36 - 18 јануари, 2025

(Видео) Исплива снимка од средбата на Северина и Јелена Карлеуша: ЈК ја изигнорирала, ова никогаш нема да ѝ го прости!

На социјалните мрежи се појави видео од Јелена Карлеуша и Северина Вучковиќ за кое неодамна зборуваше ЈК.

Преписката на Душко Тошиќ со хрватската пејачка Северина ги обиколи сите медиуми во кои како бомба одекна оваа вест. Поранешниот фудбалер и сè уште легален сопруг на Карлеуша се огласи и рече дека „сакал да ја ангажира да пее на неговата јахта“ и дека „чека спогодбен развод од Јелена“.

Тошиќ потоа објави текст во кој има порака која Јелена ја разменила со неговиот адвокат, а на која јасно се гледа дека, всушност, таа итно бара развод.

Среде приказната која го тресе регионот, Јелена Карлеуша гостувала во „Ќирилица“ каде раскажала како во една прилика поминала покрај Северина, но не ја препознала. Сега таа снимка се појави на социјалните мрежи.

Станува збор за снимка од белградска арена од 2016 година, кога и двете пејачки гостувале на концертот на Саша Матиќ. Видеото на Инстаграм го објави една фан страница на Карлеуша, а потоа го објави и таа.

Карлеуша тогаш поминувајќи низ холот на салата, со брзо одење поминала покрај Северина, додека хрватската пејачка ги поздравувала оние кои излегувале на сцената и им посакала среќа. Сега Јелена повторно се присетила на таа сцена.

 


„Искрено, ми рекоа дека еднаш сум поминала покрај Северина, но не сум ја препознала. Во живо и на фотографија тоа не е иста приказна. Таа е таблоидна. Ме нападна затоа што ѝ напишав дека нејзиниот сопруг и нејзиното дете се Срби“, рекла Карлеуша во „Ќирилица“.

Јелена се надоврзала и на изјавата дека „дедото, таткото, поранешните сопрузи и синот на Северина се Срби, а таа ги напаѓа Србите“ – „Тоа ѝ го напишав, а таа страшно ме нападна. Јас не можам да ѝ објаснам, мислам дека вистината што ја зборувам не може да се купи, ниту да се плати, видовме каде таа работи и пее, секој што ја плаќа, таа пее и ја поддржува таа политика. Од друга страна, таа мора да знае дека кога се брани својата земја, тоа не чини, тоа се чувствува. Тоа не е непријателство кон другите земји и религии“.

 

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....