12.8 C
Скопје
00:42 - 7 мај, 2024

(Видео) Хитлер ја тепал својата сестра, а мајка им го поддржувала: Единственото интервју на Паула Волф

Паула Хитлер, порано позната како Паула Волф, била помладата сестра на Адолф Хитлер и последното дете на Алојз Хитлер и неговата трета сопруга Клара.

Парот имал 6 деца, но преживеале само Адолф и Паула, што значи дека оваа жена му била најблиската роднина на германскиот диктатор (имале и полусестра од страна на таткото).

Хитлер ја тепал својата сестра

Како дете, Хитлер често бил тепан од неговиот татко. За возврат, кога станал тинејџер, Хитлер ја тепал својата сестра. Едно од најраните сеќавања за него, како што подоцна раскажувала Паула, било тоа кога ја удрил со тупаница по лицето кога имала 8 години.


Во семејството Хитлер тепањето деца се сметало за добра практика. Дури и мајката Клара сметала дека тепањето на Паула од страна на Адолф, одвреме-навреме, е добро за нејзиното образование.

Паула ја поминала младоста во Виена, каде што прво работела како собарка, а потоа како секретарка. Во тој период немала никаков контакт со нејзиниот брат, иако и тој останал во градот обидувајќи се да успее како сликар.

Тие повторно се сретнале во 30-тите години. Паула банкротирала, а Адолф ѝ испратил пари за да ги плати долговите. Финансиската помош продолжила до самоубиството на Хитлер во 1945 година.

Поголемиот дел од војната Паула го поминала како секретарка во воена болница под лажното презиме Вулф, кое го презела по инсистирање на нејзиниот брат. Историчарите тврдат дека нацистичкиот диктатор имал многу ниско мислење за неа. Во разговор со своите работници тој ја нарекувал глупава гуска.

Не се омажила и немала деца

По 1945 година Паула била уапсена од Американците. Била испрашувана, а потоа ослободена бидејќи никогаш не била политички активна, ниту член на нацистичката партија. Таа тврдела дека го видела нејзиниот брат само двапати за време на војната, но дека не може да поверува дека тој е одговорен за злосторствата што му се припишуваат. Меѓутоа, последователните истражувања покажаа дека Паула не била толку наивна како што се претставувала. Руските истражители откриле дека таа била свршена со нацистичкиот лекар Ервин Јекелиус, одговорен за смртта на над 4.000 луѓе во гасните комори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONE WORLD (@oneworldmag)


Ервин бил уапсен и умрел во заробеништво, но Паула останала на слобода, се преселувала од еден град во друг и живеела со помош на преживеаните членови на СС и тесниот круг на повереници на Хитлер.

Непосредно пред нејзината смрт, Паула даде ТВ-интервју и тоа беше единственото нејзино појавување во јавноста. Емисијата се емитуваше во 1959 година како дел од програмата „Тиранија: Годините на Адолф Хитлер“, а Паула најмногу зборуваше за неа и за детството на нејзиниот брат, одбивајќи да одговара на прашања поврзани со политиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armas E Historia (@armasehistoria)


Опишана е како едноставна и пристојна жена која не се однесува како некој што има каква било врска со најголемиот монструм во историјата на човештвото.

Иако зборува и за тепање, сеќавањата на нејзиниот брат беа чудна мешавина од незадоволство и восхит.

– Кога игравме како деца, мојот брат Адолф секогаш беше лидер. Сите други го слушаа. Претпоставувам дека инстинктивно знаеле дека неговата волја е посилна од нивната – рекла Паула.

Починала во 1960 година како последниот член на најтесното семејство на Хитлер. Не се омажила и немала деца.

Слични објави

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо
Се вчитува....