6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Констракта се огласи по финалето: 70 дена ги миев рацете

Претставничката на Србија Ана Ѓуриќ Констракта го зазеде петтото место во финалето на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Нејзината песна „In Corpore Sano“ за кратко ја воодушеви Србија, а потоа и цела Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta


За Констракта се пишува во медиумите уште од март, кога победи на „Беовизија“. Нејзиниот настап е еден од најгледаните на „ЈуТјуб, а самата уметница не можела да објасни како успеала да привлече толкав интерес.

Видео: Инстаграм

На Евровизија, пак, победи Украина, која, судејќи по обложувалниците, беше фаворит од самиот почеток.


Констракта вчера се врати во Србија и неколку пати се огласи на својот инстаграм – профил. Српската претставничка на хумористичен начин им се обрати на своите бројни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

„Се враќаме дома јас и легенот. Измиена“, напиша српската претставничка и насмеа многумина, а неколку часа подоцна пристигна и во Белград.

Таа подоцна објави уште неколку стори – објави на својот инстаграм – профил.

„Таа ги миеше рацете 70 дена“, се пошегува Констракта.

 

Тие 70 дена се однесуваат на периодот меѓу натпревар „Беовизија“ и самото евровизиско финале, во кое таа имаше секојдневни проби и настапи.

„Последно миење на рацете“ – напиша Констакта на една од нејзините стори, објавувајќи видео од нејзиниот настап во големото финале на Евровизија.

Констаркта беше воодушевена од пречекот и реакцијата на луѓето, на аеродромот, од соседството и цела Србија.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....