19.8 C
Скопје
12:01 - 19 октомври, 2026

(ВИДЕО) Џони Деп наскоро ќе открие сè пред судот, се појавија пораките до докторот: Таа е полна со г…а како полнета божиќна гуска

Судењето на Џони Деп за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд ќе добие уште подраматичен тек откако актерот ќе сведочи пред судот. Како што пренесува Page Six, ѕвездата од филмот „Пиратите од Карибите“ лично ќе сведочи во правната битка вредна 50 милиони долари против неговата поранешна сопруга.

Судењето на славниот пар започна минатата недела, а адвокатот на Амбер Херд, Бен Ротенборн, изјави дека доказите ќе покажат дека неговата клиентка претрпела „различни форми“ на семејно малтретирање од страна на Деп. Деп остро ги негира овие обвинувања и ги нарекува „фикција“.

На судењето беше објавена и однапред снимена видео изјава на д-р Дејвид Кипер, лекар од Беверли Хилс кој ги лекува познатите личности од зависност. Деп го најмил Кипер во мај 2014 година за да му помогне во лекувањето на неговата зависност.

Кипер пред судот рече дека неговата првична дијагноза за Деп била „АДХД, биполарно пореметување 1, депресија, несоница, хронично нарушување на злоупотреба на супстанции и хроничен рефлукс“.

Потоа беше прашан за пораките што ги разменил со познатиот актер во март 2015 година, кога Деп наводно му напишал: „Еј, се случи повторно. Не можам да живеам вака. Таа е полна со г…а како полнета божиќна гуска. Завршив со тоа. Не можам повеќе.“

Д-р Дејвид Кипер сведочеше дека влегол во куќата и ја нашол Херд, која ја опиша како „видливо вознемирена“, но без никакви видливи повреди. Тој рече дека готвачот го пронашол отсечениот врв на прстот на Деп на подот во кујната, по што лекарот му пружил брза помош.

Шон Бет, телохранителот на Деп, исто така рече дека никогаш не видел дека Деп е насилен кон Херд.

„Тој е многу симпатичен, без разлика дали пие или не“, рече тој. Бет опиша дека Деп и Херд се однесувале како „средношколска двојка“ на почетокот на нивната врска, но набрзо почнале редовно да се расправаат. Потврди дека бил сведок како Херд фрлала „шише вода или шолја кафе“ кон Деп и дека видел повреди кај глумецот во март 2015 година.

Слични објави

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova
Се вчитува....