2.8 C
Скопје
00:06 - 28 март, 2026

(Видео) Цеца добила повик од три момчиња, биле во неволја, а таа веднаш им помогнала!

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ добила необичен повик среде бел ден, кога млади луѓе на кои им се расипал автомобилот побарале помош, а таа веднаш одговорила!

Имено, Марко, Младен и Немања со југо 55 тргнале на пат од Белград до Кина во должина од 11.500 километри, не само како предизвик туку и со хуманитарна цел – да им помогнат на најмладите на Институтот за неонатологија.

Кога им се случил проблем по пат, тие се сетиле да ја повикаат Цеца, која веднаш се понудила да помогне.

– Цецо, имаме проблем, ни треба помош. Ни се расипа касетата, треба да најдеме нова – се пожалило момчето, на што Цеца рекла:

– Ма нека тоа биде единствениот проблем, тоа е најлесно да го решиме! Ќе добиете сè што треба, јас реков дека ви стојам на располагање. Вие сте нашите херои, тука нема грешка! Контактирајте ме за сè што ви треба – им рекла пејачката, а тие ѝ се заблагодариле.

– Добро Цецо, многу ти благодарам! Испрати ни, па ќе се слушнеме – љубезно ѝ се заблагодариле момчињата, а таа им испратила топли поздрави од Шпанија.

– Задолжително! Нека е среќно вашето патување. Поздрав од Шпанија!

Оваа сцена веднаш ја објавиле на својата инстаграм-страница, сè со цел јавно да ѝ се заблагодарат на Цеца за прекрасниот гест, а на сите им порачале: „Цеца ни го реши проблемот!“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZaNašeHeroje (@zanaseheroje)

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....