11:55 - 27 декември, 2025

(Видео) Александра Пријовиќ морала да го прекине концертот, ѝ се слошило среде сцена

Српската пејачка Александра Пријовиќ во рамките на својата турнеја „Од исток до запад“, настапила во Крагуевац во салата „Језеро“. Интересно е што од семејството Живоиновиќ дошол само Виктор, кој бил во публиката.

Прија од првите редови ја поддржала и нејзината мајка Борка Михајловиќ, која не ја тргнувала насмевката од лицето. На пејачката во еден момент ѝ се слошило, па направила мала пауза за да здивне и да се разлади.

Таа го продолжи концертот, а на сцената го донела бендот „Тропико“ и им се заблагодарила на фронтменот Сале и на другите членови на групата.

– Ви благодарам многу што дојдовте, што се согласивте да дојдете. Знам дека публиката ве сака каде и да одите и сигурна сум дека сега ќе направите хаос во Крагуевац – рекла Александра.

 


Сале и Александра заедно ја испеале песната „Не дам ником ову бол“, а публиката ги наградила со громогласен аплауз.

По ова Прија отишла да се пресоблече, а потоа продолжила да ги пее своите најголеми хитови. Таа во еден момент на сцената го поканила својот пријател и пејач Среќко Кречар, кого го видела во публиката.

– Го познавам од мала. Би сакала да испееме барем една песна заедно, ако не е проблем – рекла Прија и нешто му шепнала на уво, а тој се согласил.

– Добро вечер Крагуевац. Благодарам – рекол Среќко, а заедно со Прија ја испеал песната „Еј, од кад сам се родио“.

Публиката уште еднаш ја распаметила Прија, која почнала да плаче, иако неколкупати повторила дека не сака.

– Пријо, те сакаме! Пријо, те сакаме! – скандирале од публиката.

Слични објави

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо

Еве зошто Милица Тодоровиќ одлучила да зачува матични клетки по породувањето!

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Еспресо

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Еспресо

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin
Се вчитува....