5.8 C
Скопје
04:37 - 1 април, 2026

Ви треба проверен и докажан рецепт за трилече?  – од кујната на Давор Панчевски

Постапката ја поедноставувам со тоа што користам купечки карамел за трилече, а комбинацијата на три  различни млека е она што го прави овој колач толку посебен.

Давор ни носи рецепт за трилече, фото приватна архива

Потребни состојки

За пандишпанот:

200 г брашно

1 пакетче прашок за печиво

прстофат сол

120 г омекнат путер или маргарин на собна температура

200 г шеќер

5 јајца на собна температура

За преливот од млеко

250 мл хопла

500 мл млеко

400 мл кондензирано млеко

карамел сос за премачкување

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте го брашното, прашокот за печиво и солта.

Во друг сад изматете го путерот со шеќерот, додека смесата не стане пенеста. Додавајте ги јајцата, едно по едно матејќи добро помеѓу секое додавање. Додајте ги сувите состојки во смесата со изматениот путер и јајца. Премачкајте плех број 28 со путер и набрашнете го за да не се залепи пандишпанот. Префрлете ја смесата за пандишпан и израмнете ја површината со помош на шпатула. Печете во веќе загреана рерна на 180 степени околу 25-28 минути, или додека чепкалката кога ќе го проверите колачот не излезе чиста.

Превртете го пандишпанот во истото тавче од другата страна и со помош на вилушка прободете го на повеќе места.

Во еден голем сад или бокал промешајте ги хоплата, полномасното млеко и кнодензираното млеко и промешајте.

Полејте ја оваа мешавина од млеко врз пандишпанот на неколку пати. Оставете да се впие течноста преку ноќ или неколку часа. Кога пандишпанот комплетно ќе се излади премачкајте со карамел сосот и пресечете парчиња за сервирање.

Добар апетит и забавно готвење со Давор.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....