13:53 - 1 април, 2026

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ ДОМ ОД СОНИШТАТА НА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Кој може да му одолее на овој замок во близина на Лондон, а опкружен со неверотјаната природа

кралско семејство

Замок во неоготски стил ќе биде новата резиденција каде што наскоро планираат да се преселат Кејт и Вилијам.

Дека англиското кралско семејство има имоти од соништата „расфрлани“ низ Обединетото Кралство не е тајна и не е изненадувачки, но убавината на различните замоци и кралски резиденции е изненадувачка и волшебна.

Всушност, кој може да им одолее на убавините на величествената Бакингемска палата и импозантниот замок Виндзор.

Од друга страна, помалку познатиот Форт Белведере е непознат за повеќето луѓе, но секако не и за љубопитните следбеници на настаните поврзани со кралското семејство.

Неоготскиот замок е дел од имотот Виндзор и наскоро би можел да стане многу добро познат: Кралската двојка – принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наскоро планираат токму воој замок да го додадат на својата листа на вили. Тврдината некогаш му припаѓала на кралот Едвард VIII.

Форт Белведере бил детално обновен од самиот Едвард, почнувајќи од 1929 година, кога тој сè уште бил принц од Велс. Принцот направил неколку промени во замокот, секако многу иновативни за тоа време, како што се додавање на базен, тениски терени и неколку штали.

Сепак, замокот нема добра репутација во кралското семејство, бидејќи тука кралот решил да се пензионира во друштво на Американката Волис Симпсон, по неговата абдикација во 1936 година.
По нив, дури до 1955 година, замокот останал ненаселен, а од 1955. тука почнал да живее братучедот на кралицата Елизабета, а потоа и еден канадски милијардер, кој починал минатата година.

Сега останува прашањето дали војводата и војвотката од Кембриџ ќе одлучат или да се преселат во импресивниот Форт Белведере, што поради локацијата е вистински компромис за идеално живеење – во близина на Лондон, но опкружен со зеленило.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....