24.8 C
Скопје
16:54 - 29 март, 2024

Цензура: Забранетите филмови на Нетфликс

Минатата недела од интернет-платформата за стримување на серии и филмови Нетфликс, објавија извештај со кој беше потврдено дека во текот на 2020 година од понудата се повлечени девет филма, на барања на странски влади.

Компанијата го објавила ова за да биде транспарентна, а според извештајот, Нетфликс отсега ќе ги објавува ваквите податоци секоја година.

Едно видео што било отстрането од Нетфликс е епизода од серијата „Патриотски чин“ на комедијантот Хасан Минаџ, во која актерот ги исмеjува објаснувањата на владата на Саудиска Арабија за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Епизодата именувана „Саудиска Арабија“, била отстранета во 2019 година, но само во Саудиска Арабија. Во јануари „Варајати“ пишува дека Нетфликс ја отстрани епизодата бидејќи била противзаконска во земјата.

Најмногу содржина што компанијата Нетфликс била принудена да отстрани од својата платформа се поврзува со Сингапур, и тоа на барање на регулаторот за развој на медиуми „Инфоком“. Во 2019 година контроверзниот филм „Последното искушение на Христос“, во кој Исус се соочува со различни искушенија, бил отстранет бидејќи е забранет во оваа држава.

Image result for the last hangover netflix
Последниот мамурлак/IMBD

Биле отстранети и серии што се фокусирале на консумирање марихуана, исто така на барање од Сингапур. Тука се наоѓаат сериите „Готвење со марихуана“ и „Разобличено“, како и документарецот „Легендата за 420“. Сингапур годинава барал од Нетфликс да се отстрани и бразилската пародија „Последниот мамурлак“, која се фокусира на уметничкото дело „Последната вечера“ во стил на комедијата „Мамурлак“.

Сепак, првото барање за отстранување содржина било од страна на Нов Зеланд, кој побарал отстранување на документарниот филм „Мостот“ од 2006 година. Филмот се фокусира на самоубиствата направени од познатиот мост во Сан Франциско, Голден гејт, во текот на една година.

Мостот/IMBD

Во 2017 година Нетфликс го отстранил и филмот за виетнамската војна на Стенли Кјубрик – „Боев куршум“ на барање на виетнамскиот регулатор за емитување и електронско информирање. Истата година платформата го отстранила и филмот „Ноќ на живите мртовци“ во Германија, бидејќи таму е забранет.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....