32.8 C
Скопје
15:28 - 18 август, 2026

Тие настапуваат каде што Александра Пријовиќ е непожелна: На српската пејачка ѝ е забранет концертот во Задар, хрватските ѕвезди пеат

Српската пејачка Александра Пријовиќ, која ги полни арените во целиот регион, е непожелна во Задар, објави хрватскиот портал „Индекс“.

На Александра ѝ е забранет концертот што планирала да го одржи во мај годинава, но до договор не дошло, па затоа не бил ниту објавен, ниту рекламиран. Медиумите од Хрватска го обвинуваат градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, наведувајќи дека тој не дал дозвола да се одржи спектаклот.

И покрај тоа што српската пејачка постави рекорди низ регионот, наполни пет Арени во Загреб, што никому не му успеало досега, таа има закажани пет Арени во Осиек, тоа не било доволно да ѝ дозволи да ѝ запее на публиката во Задар, пишува српски „Курир“.

Медиумите во Хрватска објавија дека наводна причина за забраната е тоа што нема место во салата „Крешимир Ќосиќ“, која се наоѓа во склоп на спортскиот центар „Вишњик“, но кога ќе ја погледнете програмата, во таа сала за мај, кога Пријовиќ сакала да одржи спектакл, најавен е само еден концерт. Имено, на 27 мај таму ќе настапи ирската танцова група „Lord of the Dance“.

За тој месец нема најавени други концерти, но и во март и во април ќе има настап на две ѕвезди. И тоа од Хрватска.

Имено, на 8 март е најавен концертот на Јелена Розга, која беше една од гостите на концертите на Пријовиќ во Загреб, додека 13 април е резервиран за Северина.

Значи, имало термини, но очигледно има некои други причини за забраната, но за нив молчат.

Градоначалникот на Задар во изјава за локалниот портал демантираше дека стои зад забраната и одговорноста ја префрли на раководството на Спортскиот центар „Вишњик“.

– Живееме во слободно општество каде што секој ја слуша музиката што ја сака. Јас сум против секоја забрана и ме изненадуваат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организација на концерти и не разбирам зошто се крена толку голема фама за тоа. ШЦ Вишњик има своја управа и своја деловна политика, која самостојно одлучува за програмата и комерцијалните содржини, дури и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Јас не сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и тоа е сè што имам да кажам за тоа – рекол Бранко Дукиќ во писмената изјава што ја доставил до порталот „Задарски.хр“ (zadarski.hr).

 

Слични објави

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо
Се вчитува....