15:35 - 4 ноември, 2026

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

Македонската пејачка и водителка Бојана Скендеровски го одбележа роденденот на својата ќеркичка Искра со емотивна објава на социјалните мрежи, во која се потсети на моментите кога за првпат ја почувствувала мајчинската љубов.

По тој повод, таа сподели две фотографии од Искра и ѝ посака секогаш да блеска и храбро да чекори низ животот, знаејќи дека мајка ѝ секогаш ќе биде покрај неа.

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари, ти ме направи мајка, те сакам од моментот кога беше една точка која светеше на екранот на првиот преглед, уште ти го паметам мирисот на кожата кога те приближија да те бакнам во салата за породување, а денес си моето огледало, и секој ден се повеќе сфаќам колку брзо растеш и колку си паметна… Блескај Искра моја, тука сум да те пратам. Среќен роденден!“, напиша Бојана.

 

View this post on Instagram

 

Со овие зборови, пејачката се наврати на првиот ултразвучен преглед, моментот кога за првпат ја бакнала својата ќерка по породувањето и радоста што ѝ ја носи нејзиното растење.

Бојана и нејзиниот сопруг, покрај ќеркичката Искра, го имаат и синот Ѓорѓи.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....