10.8 C
Скопје
12:12 - 30 март, 2026

Тејлор Свифт во нов спот се појавува како маж: Ги открива привилегиите на посилниот пол и јавно го критикува Дикаприо! (ВИДЕО)

Во спотот за песната „The man“, повеќекратната добитничка на Греми награди, Тејлор Свифт, носи простетичка шминка, со помош на која таа целосно е трансформирана во спротивниот пол.

По виралниот видео спот на Синтија Никсон за тоа како е да се биде жена, пејачката Тејлор Свифт објави видео за тоа како е да се биде маж.

Уметничката во спотот пуши цигари, оди во стриптиз клубови и се олеснува на ѕид од подземна метро-станица, додека во песната зборув за привилегиите кои ги имаат мажите.

Тејлор Свифт, која исто така и го режираше овој спот, сакаше нејзината машка верзија да алудира на ликот на Леонардо Дикаприо, од филмот „Волкот од Вол стрит“, а одредени сцени во спотот се и критика на постапките на Дикаприо, кој сега е во врска со 20 години помлада манекенка.

Фото: Принтскрин

Инспирацијата за песната и спотот е случајот во кој музичкиот менаџер Скутер Браун ги добил авторските права на досегашната работа на оваа уметничка, откако тој ја откупи дискографската куќа „Big machine“, во која Свифт ги издаде сите свои претходни албуми.

Во продолжение погледнете го новиот спот на Тејлор Свифт, па пишете ни во коментар како ви се допаѓа…

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....