17:18 - 27 ноември, 2026

Тања Савиќ конечно откри дали ќе прави свадба со 11 години помладиот пилот: „Венчавката да биде на Маракана!“

Српската пејачка Тања Савиќ ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ.

Иако многумина предвидуваа дека нивната љубов нема да опстане поради разликата во годините, тие ја живеат својата бајка.

Помладиот партнер на пејачката се потруди околу подарокот, па поради својата сакана го одврзал ќесето.

– Полека, млада сум… Има време. Ќе биде луда свадба. Ќе ве поканам сите – им порача Тања на своите фанови, а нејзиниот ПР  и уредник на секторот забава во српски „Курир“, Горан Јовановиќ, предложил венчавката да се одржи на Маракана, бидејќи таму може да се сместат нејзините обожаватели.

За потсетување, Тања неодамна проговори за врската со Муки и истакна дека би сакала тие двајца да се венчаат, но повеќе од тоа би сакала да имаат дете.

– Секогаш имам некои планови, а Господ веројатно се смее. Она што најмногу би сакала да го направам е уште еднаш да се остварам во улогата на мајка. Тоа е она што најмногу го сакам. Го сакам мојот човек и тоа би била круна на нашата љубов. Секоја година со бројот пет ми донесе среќа, па така ќе биде и во 2025 година – изјавила Тања, признавајќи дека не се плаши повторно да се венча, иако во првиот брак поминала многу непријатности.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....