18:22 - 2 април, 2026

Таика Ваитити доби Оскар и ги насмеа сите, бидејќи му здодеа да ја држи статуетката (ВИДЕО)

Неговиот филм „Jojo Rabbit“ не освои Оскар во силната конкуренција покрај „Parasite“, кој сите ги надмина, но новозеландскиот режисер Таика Ваитити (44) освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

„Ова е прекрасно. Би сакал пред сè да ѝ се заблагодарам на мајка ти. Ти благодарам што ти беше мојата мајка. Ти благодарам што ми ја даде книгата по која го направив овој филм, без тебе ова не би се случило. Би се заблагодарил на уште многу луѓе, но тешко ми е сега да се присетам на сите имиња. Ова е за сите деца кои сонуваат дека еден ден ќе успеат“, рече Ваитити по преземањето на наградата.

Добро расположениот Ваитити беше пресреќен поради наградата, а со статуетката од Академијата гордо позираше. Но, свеченоста за доделувањето на наградите трае долго, а Оскарите не се баш лесни, па Таики се „измори“ од постојаното чување на статуетката во раце.

Актерката Бри Ларсон (30) на својот твитер-профил објави снимка на која новопечениот добитник на Оскар, статуетката елегантно ја крие под седиштето. Скоро 4 килограми тешката статуетка ја смести на сигурно, а со лежерниот пристап насмеа многумина.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....