03:52 - 11 април, 2026

СУПЕР ИДЕЈА за брз рецепт од велигденските јајца: Поховани полнети јајца по кои ќе го запомните вкусот на Велигден!

Што да направите со преостанатите велигденски јајца? Ви носиме фантастичен рецепт. 

Намирници

12 варени јајца,

2 свежи жолчки,

100 грама шунка,

100 грама пармезан,

брашно,

презли,

сол,

црн пипер и

оригано.

Подготовка

Варените јајца пресечете ги на половина и од нив отстранете ја жолчката. Шунката изрендајте ја и помешајте ја со изренданиот пармезан. Жолчките изгмечете ги, додадете сол, оригано и црн пипер и помешајте ги со смесата од шунка и пармезан.

Со добиената смеса филувајте ги белките и спојувајте ги на начин да личат повторно на цели јајца. Потоа, протркалајте ги во брашното, па во жолчката од 2 свежи јајца, на крај во презлата и пржете ги на врело масло.

Се послужуваат додека се топли.

Добар апетит!

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....