20.8 C
Скопје
13:22 - 21 октомври, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Современи техники за тонзилектомија

Крајниците се важен дел од имунолошкиот систем, особено во детската возраст. Но, кога често се воспалуваат, стануваат хронично изменети или се значително зголемени, можат да предизвикаат повторливи инфекции, непријатен здив, перитонзиларни компликации или проблеми со дишењето во сон.

Кога се размислува за тонзилектомија?

Одлуката за отстранување на крајниците се носи индивидуално, по ORL-процена, според симптомите, зачестеноста и тежината на инфекциите и нивното влијание врз здравјето и квалитетот на живот.

Најчести индикации се:
• повторливи и тешки тонзилити и стрептококни инфекции
• хроничен тонзилитис
• повторливи перитонзиларни апсцеси
• значително зголемени крајници со опструкција на дишниот пат
• нарушено дишење во сон и опструктивна sleep apnea
• сомнителни промени или асиметрија на тонзилите

 

Современи техники

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ тонзилектомијата се изведува со различни современи техники, во зависност од индивидуалните карактеристики на пациентот и оперативната ситуација:
Cold Steel, Bipolar, Monopolar, LigaSure™, Harmonic™, Coblation/Olympus Celon Elite и диоден Laser.

Современите технологии овозможуваат прецизна дисекција и ефикасна контрола на крварењето, со цел да се минимизира непотребната траума на околното ткиво.

Не постои една техника која е најдобра за секое дете. Изборот зависи од возраста, анатомијата, карактеристиките на тонзилите, причината за операција и оперативната ситуација.

Целта е секогаш иста: правилна индикација, прецизна хирургија, сигурна хемостаза и безбедно закрепнување.
Тонзилектомијата е хируршка процедура и, како и секоја операција, носи одредени ризици, меѓу кои постоперативна болка и крварење. Затоа, покрај технологијата, од особено значење се правилната индикација, искуството на хирургот и соодветното постоперативно следење.

Современата технологија е важна. Но, најважни се правилната индикација, прецизната хирургија и искуството на хирургот.

Д-р Данчо Шурков
Специјалист по оториноларингологија

За закажување термин или за повеќе информации јавете се на тел. 02/3091 484

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....