21:02 - 4 ноември, 2026

Сопругата на Брус Вилис за неговата битка со болеста: Оваа битка си го зема данокот

Ема Вилис, сопругата на Брус Вилис, кој боледува од афазија, во интервју за „The bump“ раскажа како води тешка битка заедно со сопругот.

– Потребите на моето семејство ги ставам над моите, што не ме прави херој – изјави Ема во интервју за „The Bump“.

Сопругата на Брус Вилис е исклучително посветена на грижата за сопругот и децата, но не крие колку понекогаш и е тешко.

-Таква грижа за сите во семејството влијаеше на моето ментално здравје, но и на моето општо здравје. И тоа никому не му користеше – додаде таа.

Затоа Ема, која има две ќерки со Брус Вилис, научила дека мора да се грижи за себе, па секој ден одвојува време за тоа.

-Еднаш ми кажаа дека кога премногу се грижиш за некого, престануваш да се грижиш за себе. Застанав, тоа ме отрезни – изјави Ема, која решение пронашла во вежбањето.

Како што додаде, важно е да ја имаш таа една ситница што прави да се чувствуваш подобро.

Ема морала да направи промена, за себе, но пред се за своето семејство. Сега може уште подобро да му се посвети на сопругата со кого е во брак од 2009 година.

Сопругата на Брус Вилис во март објави трогателна порака на Инстаграм, посветена на неговата борба за здравје. Таа потоа објави фотографија на која е во друштво на нејзиниот сопруг, неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните заеднички ќерки Румер, Талула и Скаут.

Слични објави

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.
Се вчитува....