Трагичните приказни не се нешто необично во Холивуд. Многу холивудски ѕвезди својот крај од животот го дочекале трагично. Но, некои од тие приказни во исто време се и бизарни.
Смртта на овие холивудски ѕвезди ќе остане запаметена како најбизарна….
1.Се фрлила од знакот на Холивуд
Кога филмската кариера на Пег Ентвистл почнала да оди по надолен пат, таа буквално починала под холивудските светла. Тоа било во 1932 година, кога нејзината улога само што била исфрлена од серијата и таа во краен очај, стигнала до препознатливиот холивудски знак.
View this post on Instagram
Се качила на 15-метарската електрична греда, зад буквата Х, губејќи го едниот чевел, а потоа се фрлила од буквата. Оставила порака во која напишала: „Жал ми е што сум кукавица. Жал ми е поради сè. Да го направев ова многу порано, ќе се поштедев и себеси и другите од многу болка.“
2.Умрел со џиновски вибратор во устата
Рамон Новар, всушност го убиле двајца хулигани во неговиот дом во Чикаго. Наваро ја започнал својата актерска кариера во немиот филм, а како главна машка ѕвезда често глумел романтични заводници. Во приватниот живот бил хомосексуалец и католик и сето тоа му правело многу проблеми. Поради тоа почнал да пие, а неговите убијци всушност биле двајца мажи на кои им платил да дојдат кај него за секс.
View this post on Instagram
Тие мислеле дека Наваро има скриено многу пари во куќата, па сакале да ги украдат. На крај го задавиле и му го ставиле големиот вибратор во устата, кој 45 години претходно му го подарил Рудолф Валентино.
3. Исчезнал без трага
Џејмс Хофа не бил славна личност поради актерството или талентот за пеење, туку затоа што бил многу познат активист и член на организиран криминал. Тој во 1975 година исчезнал без трага.
Кога исчезнал, тоа не било прв пат да го снема од лицето на Земјата. Тоа го направил и во 1960 година, па во јавноста се појавил со поцврсти врски со мафијата. Откако побегнал од градот и го избегнал апсењето поради пензискиот фонд, ФБИ пробувале со години да му влезат во трага, но без успех. На крајот е прогласен за мртов, иако неговото тело никогаш не е пронајдено.
4.Мртва пијана ја изело куче
Мери Превост била голема ѕвезда на немиот филм, но не успеала да направи премин во ерата на звучниот филм, бидејќи имала силен нагласок од Бронкс. Со тоа завршила нејзината кариера, а Мери се свртела кон алкохолот заедно со љубовникот на Грета Гарбо, Џек Гилберт.
Провост умрела една година по Гилберт, а нејзиното тело е пронајдено до пола изедено во нејзиниот стан. Со обдукција се утврдило дека завршила во алкохолна кома, а нејзиното прегладнето куче, телото на Мери го искористило како извор на храна.
5.Се удавила во ВЦ-школка
Лупе Велез во 1930-тите години стекнала слава како изведувач на бурлески, но нејзината смрт сигурно е една од најбизарната смрт меѓу ѕвездите.
Пронајдена е мртва во својот дом со главата во ВЦ-школката, буквално се удавила во неа. Во својата проштална порака напишала дека е очајна откако ја напуштил таткото на нејзиното дете, а потоа зела голема доза седативи. Се претпоставува дека и се слошило, па затоа отишла во тоалетот да повраќа, но на крај изгубила свест и се удавила во ВЦ-школката.
6.Останал без глава за време на снимање на филмот на Спилберг
Понекогаш до бизарна смрт доаѓало и на филмскиот сет, а вистински пример за тоа е обезглавувањето на Вик Мороу. Тој глумел во филмот на Спилберг, „Зона на самракот“ и снимал сцена со хеликоптер кој летал ниско, а тој случајно му ја откинал главата. Притоа загинале уште две деца кои тој се обидувал да ги спаси. Спилберг и пилотот Дорсет Винго биле осумничени за убиство од небрежност, но на крај биле ослободени.
7. Натали Вуд паднала (или била турната) од јахта
Пред 35 години, Натали отишла на крстарење со својот сопруг Роберт Вагнер и уште двајца нивни пријатели. Натали наводно се опијанила и паднала од бродот. Случајот бил прогласен за несреќа, но со тек на годините се јавувале различни луѓе кои тврделе дека мажите на бродот имале договорена приказна и дека таа најверојатно била турната од бродот.
View this post on Instagram