7.8 C
Скопје
07:50 - 28 март, 2026

Славчо Попоски со убави вести за овој викенд: Еве какво време ќе имаме!

– Продолжува стабилното, суво и претежно сончево ПРОЛЕТНО време во Македонија.

Исклучок ќе биде понеделник кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и особено во северните предели ќе има услови за краткотраен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, во крајните југоисточни предели и до околу 6 степени. Максималните дневни температури особено високи ќе бидат за време на викендот (ЗНАЧИЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА) и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со краткотрајно зголемување на облачноста во понеделник. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината – вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува: Поради НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИТЕ температури за овој период од годината, на планините и на скијачките центри се очекува ПОЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....