5.8 C
Скопје
01:54 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Еве кога и до колку степени ќе пораснат температурите!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Претпладнево сеуште ќе има услови за слаб локален дожд, додека попладне се очекуваат и сончеви периоди. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски утре ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во четврток повторно на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нова стабилизација на времето се очекува во петок и во сабота, а повторно услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во недела попладне.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и од утре ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека особено од петок во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до околу 25 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....