9.8 C
Скопје
22:41 - 19 октомври, 2026

Бредли Купер веќе не е сам: ЕВЕ која ДЕВОЈКА е сега покрај него, а наскоро ќе станат маж и жена!

Глумицата е единствената жена која е во постојана близина на Бредли Купер. 

Двајцата актери се фотографирани на прошетка низ улиците на Њујорк. Наскоро, Бредли Купер и Кри Малиган ќе станат маж и жена, но исклучиво за снимањето на „Маестро“.

Инаку, британската актерка е среќна со својот партнер Маркус Мамфорд, додека во животот на актерот засега има место само за мајка му Глорија и ќерката Леа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)

Пред неколку дена, на доделувањето на Оскарите, Бредли Купер се појави со неговата мајка Глорија. Тоа веќе го направи во 2019 година, кога покрај него беше и неговата сега веќе поранешна девојка Ирина Шајк. Гласините дека е „сингл“ на тој начин се потврдија. Не е познато дали американскиот актер излегува со некого, но сигурно е дека неговото срце – денес – чука за две жени: неговата мајка и неговата ќерка Леа.

„Со нив бев за време на изолацијата, не излегувавме од дома“, рече холивудската ѕвезда пред неколку месеци. „Мајка ми има 80 години и закрепнува, Ковидот е многу опасен за неа“. Од друга страна, добро е познато дека во 2013 година, по смртта на неговиот татко Чарлс, Бредли се преселил во семејната куќа за да ѝ помогне на мајка си Глорија: „Тоа беше страшен удар. И двајцата преживуваме и си требавме еден на друг“.

Сепак, впечатливи се неодамнешните фотографии на Купер, овековечени на улиците на Менхетен, а во друштво на Кери Малиган. Насмеани и расположени, на фотографиите изгледаат како вљубен пар. Двајцата актери наскоро ќе станат маж и жена во „Маестро“, филм на Нетфликс, во режија на Бредли, кој го игра и главниот лик, композиторот Леонард Бернштајн, додека таа ка игра улогата на саканата, Фелисија Монтеалегре.

Љубов само за пред камера? Изгледа дека навистина е така, зашто Кери е пресреќна со пејачот Маркус Мамфорд, со кој има две деца Евелин и Вилфред.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....