12:15 - 11 ноември, 2026

(ФОТО) ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРГЕ ИВАНОВ СТАНА ДЕДО: Честитки Јана и Иван!

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. Некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. Едноставно тоа го чувствуваш во себе. Не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. Кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“,  пред скоро половина година изјави синот на нашиот поранешен претседател, Ѓорге Иванов, Иван Иванов во интервју за емисијата „Бекстејџ“ откривајќи дека ја пронашол својата сродна душа – Јана .


На крајот на месец февруари, Иван и Јана ја озаконија својата љубов во кругот на своите најблиски пријатели и семејтвата. Нежниот розов фустан кој го носеше невестата откри дека саканата на Иван е во поодмината бременост.


Само месец и пол по свадбената прослава семејството Иванови и Кочови го добија своето прво внуче.


Среќниот татко, на својот инстаграм – профил ги сподели бројните честитки кои пристигнаа од најблиските пријатели и роднини, а таткото на Јана, Атанас Кочов, ја сподели радосната вест со своите пријатели преку социјалните мрежи:

0

Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! – напиша таткото на Јана на својот фејсбук – профил.

Честитки Јана и Иван!

(ФОТО) ИВАН И ЈАНА СТАПИЈА ВО БРАК: Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов има причина за голема среќа, честитки!

 

(ФОТО) ОВА Е ЈАНА, ИДНАТА СНАА НА ЃОРГЕ ИВАНОВ: Синот на поранешниот претседател најави традиционална свадба

 

Слични објави

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova
Се вчитува....