8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ со детална прогноза: Какво време ќе имаме за Велигденските празници?

Метео-прогнозерот Славчо Попоски нè известува какво ќе биде времето во текот на наредните денови.

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, како и со услови за ретка појава на грмежи. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бележат тенднција на понатамошен пораст и денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека утре ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Потоа, за Христовото Воскресение – Велигден, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Што се однесува до температурите тие ќе бидат во поголем пораст и речиси ќе бидат летни, и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели исите се очекува да се искачат дури и до околу 30 степени. Утринските температури исто така ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 8 степени – вели метео прогнозерот Попоски.

Според Попоски, по Велигден, односно до крајот на следната недела барем одсега гледано ќе се задржи доста топло време, иако повремено ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....