7.8 C
Скопје
00:51 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Студ и снег дури и во Скопје, проверете кога

– Kако што најавивме, утре и понатаму ќе има локални врнежи претежно од снег. Повеќе застапени врнежите ќе бидат во јужните и во југозападните предели од државава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Потоа од среда па натаму следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време.  Што се однесува до температурите, во текот на следните утрини минималните температури ќе бидат доста ниски, и понекаде истите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Пораст на максималните температури се очекува од среда па натаму, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе има услови за послаби врнежи од снег, а во делови од котлината ќе има услови и за мешавина од дожд и снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помешу -3 и -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Попоски напоменува дека со овие врнежи од снег кој се очекуваат утре, се очекува ново зголемување на снежната покривка таму каде што ја има истата, а формирање на нова снежна покривка ќе има и на некои ниски места, особено во јужните и во југозападните предели од државава.

Инаку утре започнува климатолошката пролет, а времето ќе наликува како вистинска зима и тоа поради студениот и релативно влажен воздушен бран кој се очекува.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....