3.8 C
Скопје
04:45 - 24 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Со кабаници до вторник, од среда со кратки ракави

Метео прогнозеот Славчо Попоски најавува влажен бран кој доаѓа од Медитеранот.

„До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во југоисточните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 25 до 31 степен.

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта кон утрешниот ден облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд, особено во јужните предели.

Утре времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд“, вели Попоски. 

Тој понатаму додава дека локално, и тоа особено во јужните предели, ќе биде нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

„Во овие предели локално ќе наврнат над 15 л/м2 воден талог за релативно кратко време. Температурата утре ќе биде пониска во споредба со денешната за пет до шест степени и максималната ќе се искачува во интервалот од 18 до 25 степени.

Повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи ќе има и во понеделник, додека од вторник следува период на стабилно и суво време а температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени“, објаснува метео прогнозерот.

Во Скопскиот регион услови за повремен локален дожд и ретки грмежи ќе има утре и во понеделник, додека од вторник следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....