08:25 - 16 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Проверете кога ќе биде потопло за да си прошетате!

– Под влијание на студена воздушна маса од север, утре, како и во текот на следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утре, а особено во сабота се очекуваат и локални послаби врнежи претно од снег. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, нешто потопло ќе биде утре кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
И во Скопскиот регион во следниот период времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, но и со услови за локално и сосема слабо прврнување на дожд и на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....