21:21 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нов снежен бран, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и во западните предели ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
Според Попоски, утре и тоа особено претпладне во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот повторно ќе услови пад на дневните температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Во недела и во понеделник ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро температурите повторно ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени. Нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....