18:14 - 16 јануари, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе ви треба ли денес чадор за снег?

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со умерена локална облачност. Особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски, до крајот на оваа работна недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со чести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат многу ниски, особено на средината од оваа недела и истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.

Слични објави

Едита Арадиновиќ е трудна: Пејачката пресреќна, чека прво дете!

Еспресо

(Фото) Жешки кадри среде зима: Провокативната манекенка позираше на снегот во минијатурно бикини

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ вежба болна во теретана, со чинија со мраз до неа: „Дури и кога имаш вирус, тоа е прифатливо!“

Еспресо

Маја Маринковиќ наследила имот од 1.200.000 евра: Старлетата е вистинска богаташка, еве што поседува oд недвижнини

Еспресо

(Фото) Николија го одследила Реља на Инстаграм, ги спакувала куферите и отпатувала во Италија

Еспресо

Рале ја пријавил Ана Николиќ во полиција: Тропала на врата со раце и нозе

Еспресо
Се вчитува....