9.8 C
Скопје
18:01 - 30 март, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Ќе ви треба ли чадор викендов?

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.
Потоа за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. На повеќе места нестабилно и со пороен дожд и грмежи ќе биде во почетокот од следната недела, кога локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие за време на викендот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во најтоплите предели и тоа особено во недела истите се очекува да се искачат и до близу 40 степени, а постепено опагање на истите се очекува од самиот почеток на следната недела. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....