6.8 C
Скопје
02:23 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе се радуваме на топлото сонце, еве кога!

– Како што најавивме утре локално ќе има нешто повеќе облачност, и особено во источните и во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд и снег на планините. И понатаму ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели. Во деновите потоа, односно од средината на оваа недела ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и продор на топла воздушна маса од југ која ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите, и максималните дневни тогаш во најтоплите предели ќе надминуваат 20 степени, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и со многу сонце, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе има малку повеќе облачност а ќе дува и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Во деновите потоа ќе биде претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 18 степени према викендот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....