08:27 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво време ќе имаме викендов?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и поинтензивни ќе бидат во јужните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе преминуваат само во снег и на некои пониски места.

– Исто така во следниот период снежната покривка на повисоките и планинските места позначително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на некои пониски места и тоа особено во западните и во југозападните предели. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на значителен пад и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 7 степени и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината – заклучува Попоски.

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....