14:19 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога ќе треба да останете дома! Дождови, грмежи, ветришта…

– Како што најавивме, во остатокот од овој викенд, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, и тоа особено за време на викендов. Исто така викендов ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе бележат тенденција на пад и од утре ќе биде посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, додека наутро истите понекаде ќе се спуштат само малку под нулата.

И во Скопскиот регион во остатокот од овој викенд, како и во првите денови од следната недела ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а викендов се уште ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 17 степени.

Напомена: Во остатокот од овој викенд се уште има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....