6.8 C
Скопје
06:26 - 23 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Доаѓа пролет среде зима! 15 степени ќе имаме, проверете кога…

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови повремено на некои места засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Според Попоски, утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека од петок па натаму времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Особено топло и стабилно ќе биде во првите денови од 2022 година, односно за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....