6.8 C
Скопје
08:23 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: 18 степени! Резервирајте си го овој ден за прошетки и дружење!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Според Попоски, за време на новогодишната ноќ пак, времето ќе биде ведро и не многу студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени. Потоа во првите неколку денови од новата 2022 година времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....