11:18 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Затоплување и пораст на максималните температури, еве кога!

– Како што најавивме до самиот крај од оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено утре ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, а доста ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.
Според Попоски, постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 4 степени. Постепен пораст на температурите ќе има во првите денови од следната недела.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....