07:56 - 9 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Студ и врнежи од дожд и снег, проверете кога!

– За време на овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи кој ќе бидат претежно од снег, додека во Повардарието врнежите ќе бидат претежно од дожд или од дожд и снег. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден. На планините снежната покривка ќе се зголеми за 20 до 30 цм, додека нова ќе се формира и на некои пониски места и тоа со висина локално и од над 15 цм и тоа особено во западните и во југозападните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер.

Потоа и во текот на следната недела ќе продолжи променливото облачно и СТУДЕНО време со повремени врнежи претежно од снег на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите остануваат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното. И во Скопскиот регион во следниот период ќе има почести врнежи од дожд и снег, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....