04:54 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Силен ветар и интензивни врнежи, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ТОПЛО. Ќе започне да дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец, додека во вечерните часови и во текот на ноќта во западните предели ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски  од утре, па до самиот крај од оваа недела, и тоа под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран времето ќе биде променливо облачно со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец и со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. Исто така за време на викендот и тоа на планините во западните предели врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Што се однесува до температурите,тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искаччат и малку над 20 степени.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....