17:43 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Подгответе се за голем студ до минус десет, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро и понатаму ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....